Бројот на заразени може да се намали со покачувањето на температурите, а доколку има втор бран, следната година може да има целосна вакцинација. Ова е мислењето на вицепремиерот, Бујар Османи, кој воедно е и медицинско лице, искажано во емисијата ЕУ КЛИК. Меѓутоа тој додаде дека станува збор само за предвидувања кои не може никој да ги гарантира.
„Според моите претчувства, поради високите температури во јуни и јули ќе се намали бројот на заразени. Доколку имаме вакцина, кон крајот на октомври ноември, ќе го вакцинираме медицинскиот кадар за да ги заштитиме. Потоа, доколку се појави нов бран ќе има целосна вакцинација другата година, но сето ова се само проекции за кои нема гаранција“, вели Бујар Османи.