На програмската трибина “Агенда – Земјоделство 20-24″ надворешните експерти истакнаа дека мерките на Владата во изминатиот период придонесуваат за развој на земјоделство како и за подобри услови за работа и ја истакнаа важноста од добрата соработка на институциите со невладниот сектор. Двајцата говорници, Миле Цеков од Регионалнатга стопнаска комора и Николче Николовски, директор на здружението Slow food Macedonia” потенцираа дека во последните три години е направен значителен напредок, подобрена е комуникацијата на релација држава – приватен сектор.

Цеков и Николовски препорачуваат и натаму искористување на сиот потенцијал како и едукација за придобивките од оваа исклучително важна гранка.
“За да може една компанија да се развива, неопходно е да извезува производи, но прво ни треба квалитет и конкуретна цена. Во изминатата деценија ние нe успеавме да изградиме функционален агро- сектор, а тоа е поврзано и со сивата економија и со владеење на правото. Но, во последните три години е направен значителен напредок, подобрена е комуникацијата на релација држава – приватен сектор, намалени се казните на инспекторите кои прво даваат опомена, зголемена е искористеноста на сресствата од ИПАРД програмата, а сето тоа дава основа да го унапредуваме земјоделството“- изјави Цеков.
Мерките на СДСМ во земјоделството полека одат кон создавање на функционален и ефикасен систем преку којшто ќе се знае кој може да откупува производи, кој ќе смее да извезува, како ќе се рекламираат и како навремено ќе се обезбедува и откуп и пласман.
“Во контекст на ова, нам ни е неопходо да продолжиме со едукација. Постојано се појавуваат нови сертификати во Европа за здрава и безбедна храна за кои мораме да учиме. Потоа, мораме да најдеме мерки за заштита на домашното производство, а да го зголемиме приливот на странски инвестиции. За пример ќе ја посочам Холандија која е на второто место во светот по извоз на земјоделски производи, после САД кои се на прво. Но, Холандија е 290 пати помала од Америка, а сепак е на врвот. Значи, и мала економија како нашата ако создаде современ и функционален земјоделски систем ќе ги наполни странските пазари со квалитетни производи“- заврши Цеков.          
Николче Николовски, директор на здружението Slow Food Macedonia, истакна дека од исклучителна важност е да се јакнат капацитетите на домашните производители.
Според Николовски, во земјата има преку 150 потенцијални производи кои би биле интересни и за нашиот пазар, но и за извоз за што  соработка ја здржението ја издигнало на ниво на потпишување на Меморандум со МЗШВ и АХВ.
“Oвие производи сме ги промовирале  надвор од нашата земја , но повеќе тоа служело како привкелување на туристи, а важно е да ги има и на домашниот пазар. Секој турист кој доаѓа кај нас, ја потенцира храната и наша задача е да не ги изгубиме овие вкусови. Сакаме да понудиме автентична гастрономска понуда. Тоа ќе го постигнеме, ако на менито има храна само од нашето поднебје.  Да ја осигураме нашата храна. Ако ја осигураме нашата храна, сме ја осигурале и стабилноста на државата”, заклучи Николовски.
Тој го истакна и органското производство како клучно. Смета дека поддршката на Владата за овој вид на производство е голема, но потребно е потрошувачите да бидат подобро информирани што добиваат доколку платат повеќе за да ја користат оваа храна.
 “Сите чинители од овој сектор потребно е да ги едуцираме конзументите за нашата храна, за квалитетот на нашата храна и да се базираме на нашето производство”, рече Николовски.