Претседателот Зоран Заев денеска ќе биде меѓу граѓаните на општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Виница на Плоштадот „Ангел Винички” со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван ќе биде во Општина Демир Капија, каде потпретседателот Фатмир Битиќи ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18:30 часот на Плоштад во Демир Капија.