Скопските општини Чаир, Аеродром и Гази Баба се сè уште на врвот на листата по најмногу активни случаи со ковид во главниот град.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во Чаир има 133 активни случаи на ковид, во Гази Баба има 121, а во Аеродорм 118.

Со под 100 активни случаи, но сепак со високи бројки се и Карпош – 91, Кисела Вода – 89, Центар – 88, Бутел – 71 и Ѓорче Петров – 66.

Во Шуто Оризари активни има 47 случаи потврдени со новиот коронавирус, во Сарај – 26, а во Арачиново – 19.

Потоа, слеудваат Илинден со 12 активни случаи на ковид и Сопиште со 11. Под десет случаи има во уште три скопски општини или детално во Чучер Сандево и Петровец по седум и Зелениво – 6. Активни се и четворица странци, а три лица сè уште не се распределени по општини.