Четворица малолетници биле пронајдени вчера во безсознание во куќа во Скопје.

Тинејџерите биле пренесени на лекување на Клиниката за Токсикологија.

Малолетните лица биле на возраст меѓу 14 и 17 години, две од нив биле машки а две женски лица и биле со пореметена свест.

Според лекарите на малолетниците им била пружена помош и земени одредени клинички иследувања и две од децата биле стабилизирани а две се со потешка клиничка слика.

И од МВР со потврда за информацијата. Според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во безсознание, како и алкохол и психотропни супстанци.

Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и притоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.