На прашањето на ЦИВИЛ кое го постави на Фејсбук страната – Дали треба или не треба да се одржи онлајн настава?, граѓан(к)ите се со поделени мислења, едните сметаат дека треба да се одржи онлајн настава, додека другите сметаат дека подобро е децата да одат во училиште.

„Не. Вистината е дека не постои онлајн настава. Родителите не можат да држат настава, да предаваат, а наставниците да седат дома и да им даваат задолженија на родителите преку имејл… па затоа многу родители плаќаат наставници кои даваат приватни часови да им ги решат тестовите на децата и ги враќаат тестовите решени од други наставници кај наставничката на нивното дете. Децата остануваат со празнини во знаењето кое ќе се одрази во иднина, а наставниците ништо не работат“, коментира Поликсена Чхудо.

„Нe за онлајн настава. Повеќето од децата се надвор, играат и се дружат постојано. Ризикот е еднаков ако контактот е остварен во училиште или во парк или на игралиште. Секој родител не е во можност и не е доволно образован да даде образование за децата како што тоа би го направиле наставниците. Секое семејство не може да си дозволи да има компјутер“ коментира Вики Георгиевиќ.

„Да, здравјето на детето и тие околу него пред сè. Онлајн наставата не е утка сама по себе, до наставната програма е. Во трите месеци со онјалн настава родителите само се уверија во слабата програма која им се предава на децата, а да не збориме и за кадрите кои ја презентираа. Со таква програма и таков кадар, дали биле во клупа или дома пред компјутер нема ништо да се смени“, коментира Тања Стојковиќ Димовски.

„Сè додека трае пандемијата, онлајн настава да се изведува. Тоа е единствен начин да го сочуваме нашето и здравјето на нашите деца“, пишува Бианка Мангутова Стоилковска.

„Не за онлајн настава! Затоа што онлајн наставата не може да се спореди со физичкото присуство на учениците во училниците“, пишува Оливер Димитриев.

„Да, затоа што тоа е нормало и така треба да биде колективен имунитет мора да се стекне како што мора да се почитуваат и некои нови правила за живот и здравје како што е во цел свет“, пишува Ана Симонова.

„Тоа што го поминавме бесе сè само не онлајн настава. Оставени сами да преведуваме, објаснуваме и пишуваме еден куп домашни и проекти кои се точкаа во недоглед без притоа да се земе во предвид дека одиме и на работа. Тоа искуство беше пеколно и не донесе никаков бенефит, а најмалку знаење за децата, со што се губи поентата од ваков вид на настава. Децата назад во школо, хронично болните и ризични групи на деца преку ЗУМ (ZOOM) директно да се вклучуваат на часот. Така барем ќе стекнеме групен имунитет“, пишува Мими Чупиќ.

„Да. Нормално дека е побезбедно за здравјето на нашите деца и на сите други. Вистина е дека онјалн наставата не може да ја замени физичката присутност, меѓутоа сепак добро е да се избегне најлошото. Тој што сака да учи ќе го направи тоа со помош на наставниците а и родителите“, коментира Мирилинд Рилинди.

„Да, зошто да не, само кога сите би имале интернет и комјутер“, пишува Љупчо Митров.

Останатите коментари се со кратки одговори со „да“ или „не“, додека лицето Дилавер Хасани иронично коментира: „Па не е проблем и без настава, барем подоцна ќе бидат политичари.

Извор: Цивил