Според информациите кои ги добивме, позитивен на коронавирусот е координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка, Игор Тодоровски.

Тодоровски резултатите ги добил најверојатно во петок, 26.06.2020г, а според очевидци ден/два предходно е виден со група партиски активисти како пие кафе во центарот на општината и бил во слободна комуникација со многу луѓе од партијата.

Игор Тодоровски е поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка и се претпоставува дека, пред и на самиот почеток на изборната кампања имал контакти со партиски активисти и членови кои пак во моментот посетуваат голем број на домаќинства.

Според извори на партијата, тој присуствувал на партиски состанок на кој било целото локално раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од тука, прашуваме:

Дали е точно дека на тој партиски состанок присуствувале кандидатот за пратеник, Анри Андоноски, заедно со секретарот Добри Јовевски и поранешниот претседател на УМС, Влатко Ристовски?

Дали Андоноски ќе оди во самоизолација или на терен по домаќинствата?

Дали Ристовски и Јовевски имаат побарано да одат во самоизолација?

Дали е точно дека поранешната претседателка на Унијата на жени и актуелен член на Совет во општина Крива Паланка, Елена Митовска-Давидовска по контактите во партијата е во самоизолација?

Откако се слушна оваа вест во градот, многу тимови од ВМРО-ДПМНЕ не биле примени од граѓаните, дури не сакале ниту програмата и рекламниот материјал да им биде доставен, во страв од новонастанатата состојба во оваа партија.

Од надлежните институции, постојано сугерираат да се почитуваат мерките и протоколите. Но од ВМРО-ДПМНЕ на чело со нивниот лидер, Христијан Мицкоски тоа никако да се сфати сериозно.

Додека од едната партија се држат кон строго почитување на мерките, сведоци сме дека Мицкоски спротивно на протоколите, вежбаше во теретани во време кога тие беа затворени, одеше во кафани во затворен простор, кој не смее да работи итн.

Коронавирусот е опасен невидлив непријател со кој треба сите заедно да се избориме.