Мерките што претходниот период ги спроведуваше Владата на Македонија станаа пример за владите во регионот во пристапот на намалување на стапката на инфлација.

Една од мерките што македонската држава ги преземаше за заштита на стандардот на граѓаните, покрај гарантираната цена, беше и намалување и замрзнување на трговската маржа за одредени прехрабени продукти.

Сега, таква мерка презема и владата на Црна Гора.

Владата на Црна Гора донесе одлука за ограничување на маржите за повеќе од 500 основни прехранбени производи и средства за хигиена, а мерките ќе се применуваат два месеца, односно од крајот на март до крајот на мај.

Минималната маржа на големо би била еден, додека максималмната маржа во трговијата на мало би била 15 проценти со цел да се заштити стандардот на граѓаните од налетите на ценовните шокови.

Македонија ваква мерка презеде уште кон средината на минатата година, кога трговските маржи на одредени прехранбени производи беше ограничена на 10% и таа мерка траеше се до крајот на месец февруари оваа година.

Но, ваквата мерка македонските власти ја преточија во законско решение за спречување на фефер трговски практики со кое веќе е составена листа од околу 2.600 продукти кои ќе имаат ограничена маржа од 10 проценти.

Откако ќе се усогласат сите договори меѓу производителите, добавувачите и маркетите, Владата очекува цената на овие производи да се намали, а подоцна и да се стабилизира целиот процес на формирање на цените.

Покрај оваа мерка, изминатите година и половина беа спроведени и други, како намалување на ДДВто за основни продукти, замрзнување на цената на одредени видови леб и слично, што според македонската влада помогнало во намалување на инфлацијата која сега е во висина од околу три проценти.

Во последните три години цените на храната во Црна Гора се зголемени за 43 отсто, покажуваат официјалните статистички податоци, па сега тамошната влада на некој начин „позајмува“ мерки од Македонија со цел да го намали брзиот раст на цените на одновните продукти.