Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска упати честитка по повод празникот на безбедноста во државата, а истовремено учествуваше и на првото бојно едукативно гаѓање со пиштол за вработени во ЦУК.
Од ЦУК соопштуваат дека по повод Празникот на безбедноста 7 – Мај, е организирано и едукативно бојно гаѓање со пиштол за дел вработените во ЦУК на стрелиштето Камник.
Ова, додаваат, е прво вакво гаѓање во историјата на ЦУК и се предвидува да стане традиција и редовна активност, како едукативна, а и како активност за градење и подобрување на меѓучовечките односи во дирекцијата – ЦУК, како што е тоа вообичаено во современото демократско општество во светот.