Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

„Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице“, велат од ЦУК.

Како што додаваат оттаму, во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со 6 ПП возила.