Ване Цветанов од Зелена Лупа, по речиси 3 месеци откако јавно го прашува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Дали во ВМРО ДПМНЕ се спрема црна листа за линч на неистомислениците, ако евентуално дојдат на власт по изборите, повторно го праша истото прашање во интервју за ЦиилМедиа, бидејќи досега не добил одговор.
„За жал, практиките кои се користеа за време на режимот, постои опасност да бидат повторени доколку му се даде шанса на Христијан Мицкоски да биде премиер, во кое јас лично не верувам, бидејќи граѓаните се политички писмени и знаат за кого да го дадат својот глас. Тие сè уште имаат намери да казнуваат луѓе, да внесуваат луѓе во затвори само заради слободна мисла, заради тоа што некој го кажал своето мислење, а на нив не им одговарало на структурите на минатото, а очигледно и на сегашното ВМРО. Тие ги поемаат тие луѓе како свои непријатели, што е многу тажни и жално за демократските процеси во нашата држава.“, вели Цветанов.