Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, со свој коментар за секојдневните критики на опозицијата во однос на менаџирањето со корона кризата.

“Оваа влада е премногу демократска, демократска е повеќе од што треба, се однесува како да наследиле власт во Шведска. Премногу се фини, добри и толерантни за вакви подмолни играчи кои спинуваат, лажат, местат, секојдневно излегуваат со безобразни пресови и со лаги. Тоа е реалноста. Дали знаете што е најскапо во општеството? Човекот, човечкиот капитал. Затоа што човечкиот капитал избега од државата, 600 000 луѓе избегаа од државата благодарение на Никола Груевски и оваа влада се бори да спаси човечки животи.

Дали знаете што значи да се изгуби еден човечки живот. Мора да се грижиме за секој човечки живот, мерките ако треба да бидат строги, ќе бидат строги. Во времето на Груевски бевме сведоци на премногу политички монтирани случаи, огромен број луѓе скапуваа по затвори. Дали знаете колку човечки судбини беа уништени од режимот на Груевски? Повеќе од Ковид-19 за цел Балкан.

Како можат да стават знак на равенство помеѓу режим и влада кој е премногу фина за ваква опозиција. Не знам со кое лице излегуваат на прес-конференции. Премногу меко им се враќа во однос на тоа што правеа” – додаде Цветанов.