Доктор Нико Беќаровски смета дека нема потреба од онлајн настава во второто полугодие од учебната година.

„Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, ДЕНЕС ЗАПОЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, нема ниту една причина некое си “само прогласено здружение” да бара on line настава во Македонија. Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието“, истакна Беќаровски.

Д-р Беќаровски смета дека единствено може почетокот на второто полугодие да се одложи до понеделник 24 јануари.