Матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров преку својот Фејсбук уптати неколку препораки со цел да се заштитат граѓаните од ширењето на новиот сој на ковид 19 омикрон.

-Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата. Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти, особено заради развиената способност да се задржи во воздухот подолго. Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина. За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации. Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани, пишува тој.

Според него треа да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено.

-Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош, напиша Лазаров.