Христијан Мицкоски ги призна луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните, велат од СДСМ.
Но, во исто време Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената.
Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената? Па затоа мора и тие да патуваат со бизнис класа?
Зошто молчеше и се криеше со денови откако СДСМ го откри јавно скандалот со луксузните патувања?
Ќе ги објави ли сега Владата сите трошоци кои ги платија граѓаните за луксузните прошетки на Мицкоски и неговите министри?
Наместо да води грижа за секој денар, за тоа како да се трошат парите, Мицкоски дрско, дури и безобразно мува не го лази за начинот на којшто се расфрла и се луксузира на државен трошок.
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања, се наведува во соопштението од СДСМ.