Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Х кои секојдневно шират говор на омраза?, прашуваат од предизборниот штаб на Пендаровски

„Реториката којашто ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот Стево Пендаровски. На истите профили се забележува и силна поддршка за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Истите овие профили години наназад шират антиалбански и антизападни ставови.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да водат црна кампања против претседателот Пендаровски, сепак секојдневно објавуваат манипулативни видеа во коишто се извадени од контекст изјавите на претседателот Пендаровски. Речиси идентични како и во објавите на мрежата Х.

ВМРО-ДПМНЕ на јавноста треба да ѝ одговори дали стои позади овие профили и дали на социјалните мрежи токму тие се автори на црната кампања против претседателот Пендаровски.

Инаку, тврдењето на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да води црна кампања го сфаќаме како лоша пародија, имајќи предвид дека тоа е истата партија која безсрамно вршеше цензура, партија во чие владеење се затворија најголемите медиуми и беше забележан најголем пад во слободата на медиумите.“ – се вели во соопштението од тимот на Пендаровски.