Сега имаме работа со вирус кој е многу заразен, а не предизвикува потешка клиничка слика, иако сето тоа е замка, вели Драган Даниловски универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.

-Имаме еден вид разидување во два правци. Кај нас пикот треба да се достигне крај на јануари, почеток на февруари. По тоа не чека период на ендемско битисување на вирусот, вирусот ќе е на ниско ниво, но нема да пречи на нормалното живеење. Секогаш прогнозите се неблагодарни. Имајќи ја во предвид стапката на имуни лица, би требало колективен имунитет преку 95%. Тоа беше замисла на Швеѓаните, но кога го имаше вуханскиот сој, вели Даниловски.