Во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, епидемилогот Драган Даниловски со став дека доколку во следните две недели не се случат некои нови значајни епидемиолошки настани, епидемијата до крајот на јуни би требало да стивне.

“Сите собирања навечер се случуваа после прогласувањето на полицискиот час во текот на месец мај. Затоа се појави тој втор грб на двогрбата камила. Вториот грб се јавува во тек на месец мај и сите контакти се случувале во полициски час, во домашни услови. Ако максималната должина на инкубацијата на коронавирусот е 14 дена, јас мислам дека овој зголемен број на случаи што го регистрираме е резултат на епидемиолошки случувања, а последното такво значајно епидемиолошко случување беше на 24 мај, а после тоа следи уште еден таков настан, односно олабавувањето на мерките после 1 мај. Тогаш почнаа луѓето да се дружат, да ги полнат кафаните и улиците. Мислам дека и тоа е еден настан кој во следните денови, односно за максимум 14 дена, ќе резултира со пораст на случаи и со тоа би тебало тој интензитет на јавување на нови случаи да стивне. Ако не се случат некои нови епидемиолошки настани понатаму, тогаш би требало до крајот на јуни практично да стивне целата епидемија. Мораме да почекаме во следните две недели да видиме како ќе се развиваат работите. Сето ова е хипотетички, но во епидемиологијата секогаш има причинско-последични настани. Значи ако во иднина немаме епидемиолошки причини, тогаш не би требало да се случат ниту последици” – истакна Даниловски.