По повод шеснаесетгодишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски, делегација на СДСМ оддаде почит на заложбите и придонесот на Трајковски за соработка и заедништво на граѓаните и проевропската иднина на државата.

Прерано починатиот претседател Борис Трајковски ќе остане вечно запаметен како миротворец, чесен и доблесен политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Делегацијата на СДСМ во состав Снежана Калеска Ванчева, координаторка на форумот на жени на СДСМ, Весна Гершан, членка на ИО и Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа на СДСМ, денеска положи свежо свеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.