Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување. Дончев ја потврди информацијата за НОВА. Како причина наведе дека станува збор за семејни и здравствени причини. Оставката е поднесена во Влада и се чека да помине на денешната седница.
„Да, точно е дека поднесов оставка од семејни здравствени причини, повеќе од тоа не можам да коментирам“, изјави краткоз а НОВА, Дончев.
Тој рече дека останува во државата. На прашањето дали станува збор за трансформација на друго раководно место, одговори дека засега нема такво нешто.