Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Мандатарот, Христијан Мицкоски, претходно неделава го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Тој денес ќе треба да ја образложи програмата и предлогот, по што почнува расправата во Собранието.

Владата се избира со поддршка на мнозинството од вкупниот број пратеници. Потоа, претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.