Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

По доста ниските температура утрово кои се движат од минус 9 степени на повисоките планински предели до 0 степени на југот, максималните дневни ќе се движат во интервалот меѓу 0 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а максималната температура ќе се искачи до 9 степени.