Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации (ФИТР), во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5, го остави без зборови Владимир Неловски од ВМРО ДПМНЕ во врска со Договорот од Преспа и постојаните лаги на пропагандата на Груевски и Мицкоски дека се пробалематизирани македонскиот народ и јазик.
„Кој го земал правото како се чуствуваш? Не си Македонец? Јас сум Македонец, еве ќе кажам во камера Македонец, дека сум и зборувам македонски јазик. Најдобро од сè е – и тие што највише го негираат тоа потпишаа дека е така, јас стварно не гледам проблем зашто вие си го правите проблемот со идентитетот? Кој го проблематизира тоа? Тоа го затворивме и навистина не гледам причина постојано и постојано да се враќаме и да си измислуваме зашто е тоа проблем“, поентираше Деспотовски.