„Партијата СДСМ има кадровски потенцијал, има луѓе коишто биле дел, се уште се дел, можеби се на маргините, меѓутоа потенцијалот постои“ рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека доколку партијата се држи до одредени принципи, во тој случај ќе се формира солидна екипа.

„Ако играме доволно широко и ако се држиме до одредени принципи во тој случај не се сомневам дека ќе имаме многу солидна екипа“ смета Деспотовски.

Тој додаде дека во следниот период не треба да се бара виновник за изборниот пораз, туку да се види каде СДСМ погреши како партија и да се дадат одговори на тие прашање за членовите, но и граѓаните.