Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од три лица, дознава Centar.mk според неофицијални информации.

Едно од лицата на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него.

Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, дознава Centar.mk.