Девет лица загинаа во пожар што зафати старечки дом во источниот бугарски град Ројак, изјави висок претставник на Министерството за внатрешни работи.

Пожарот што избувна на дрвениот покрив на зградата е изгаснат, а домот за стари лица во кој живееја 58 лица е евакуиран, изјави Тихомир Тотев, раководител на регионалната канцеларија за противпожарна заштита.

„Кога шесте противпожарни возила стигнаа до домот, покривот беше зафатен со силен пламен и црн чад. Пожарникарите почнаа да ги евакуираат жителите на домот, но за жал животот го загубија девет лица“, рече Тотев.

Причината за пожарот се истражува, додаде тој.

Извор: Макфакс