„Верував и сè уште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот. Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина.

Ќе ги преземам сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката кои од нив познати мотиви ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината“, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук профил откако обвинителството ја отфрли кривичната пријава против него.