„Минатиот пат кога ДПМНЕ се занимаваше со обнова, одвај застанавме на нозе, бевме на работа на бездна. Со таа „површна гордост“, која се добива со чукање во гради, ние бевме во ходниците на меѓународните институции, без право на глас“, порача Никола Димитров во вечрашното гостувањето во емисијата „Само вистина“.
„Њујорк Тајмс правеше мајтап со проектот Скопје 2014. Мислам дека треба да бидеме горди со нашата историја, но исто така така треба да бидеме горди со тоа што оваа генерација може да направи. Бегањето од проблемите не не прави горди“, вели Димитров.
Тој запраша дали сме биле горди како Македонци кога во Грција сме оделе со ливче, наместо со пасош и дали сме биле погорди кога нашата репрезентација настапуваше под референцата НЈРМ, „небаре сме држава-дух“.