51 илјада Фајзер вакцини за целиот регион од кои за нас 120 илјади. Овие вакцини ќе бидат платени од европски пари, заедно со еврокомесарот изигра голема улога и Австрија која во името на ЕУ преговараше со Фајзер. Требаше побрзо влегоа, некои правни дилеми кои конечно се разрешија. Мора да признаеме дека ќе беше подобро ако ги имавме порано. Самата ЕУ се соочи со тој проблем, нашата ситуација можеше да биде исто така подобра. Важно е да сме организирани, граѓаните да се вакцинираат за да го достигнеме тој праг целосно да се врати животот и да се поврати економијата, изјави вицепремиерот Никола Димитров задолжен за европски прашања.

-Факт е дека мораше порано да обезбедиме вакцини, факт е дека тоа беше тешко, факт е дека геополитишки консолидации се во втор план. Околу ова ќе има рефлексии и анализи што можело подобро. Добро е од денеска да се организираме, да оди вакцинацијата не пречено да се врати животот и економијата. Ние немаме поголем донатор од ЕУ и во здравствениот и во економскиот дел. ЕУ ни е неспоредливо поголем помагач отколку другите земји, вели Димитров.