Најостро ја осудувам секоја уцена и закана кон земјоделците. Денешната кривична пријава против вработен во Платежната агенција, кадар на ВМРО ДПМНЕ, е уште е еден доказ за старите навики на ВМРО ДПМНЕ, со уцени и закани да ги заплашуваат земјоделците.
Вака ли дополнителниот-заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски ги штити земјоделците и глуми загриженост изминативе денови, а во позадина неговите сопартијци ги уценуваат земјоделците? Хипокризија на дело! Цветан со неговите пулени во МЗШВ ги вратија земјоделците во мрачното минато кога беа уценувани за да добијат субвенции.
Една стара поговорка вели не ме гледај што зборувам гледај што правам. Додека Цветан лажно се грижи за земјоделците на пресови, неговиот кадар на терен ги уценува земјоделците. Ова е уште една потврда за се што зборевме во минатото за уцените и притисоците од страна на вмро врз земјоделецот.
Владата предводена од СДСМ, за неполни три години покажа што значи вистинска грижа за земјоделците, нема веќе списоци за исплата на субвенции, нема уцени и закани, интересот на земјоделцот е на прво место.
ФБ статус на Трајан Димковски