Почитувани земјоделци,
Ви се обраќаме како надлежна институција до која вие деновиве испративте многу пораки со загриженост во однос на исплатата на субвенциите за тутунот.
Најодговорно ве известуваме сите вас кои сте производители на тутун, дека нема простор за сомнеж во однос на тоа дали ќе бидат исплатени субвенциите.
МЗШВ најодговорно тврди дека субвенциите за тутунот во износ од 31,5 милиони евра, ќе бидат исплатени како и сите други субвенции кои редовно ги исплаќавме согласно календарот на исплати, се до прогласувањето на вонредната состојба.
Оваа Влада исполни се што вети, па така и оваа обврска ќе ја исполниме. Да помогнеме сите заедно оваа криза што побрзо да заврши и сите да се вратиме на редовното извршување на нашите обврски.
Уште еднаш, ве молиме за трпение.
ФБ статус на Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство