Државниот инспекторат за земјоделство од понеделник излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, порача Трајан Димковски,член на Централниот Одбор на СДСМ иминистер за земјоделство, шумарство иводостопанство на трибината Агенда 20-24 воСтрумица. Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот. Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи, истакна ТрајанДимковски, на трибината Агенда 20-24 воСтрумица. |