Селото Стајковци е едно од најпознатите и најголемите производители и снабдувачи на скопските пазари со зеленчук и земјоделски производи.
Речиси целиот атар на селото е опкружен со земјоделско земјиште кое се обработува, воглавно со раноградинарски и градинарски култури, а главна дејност на месното население е земјоделството.

Токму затоа, денеска министерот Трајан Димковски, заедно со заменик министерот Благе Цветковиќ, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, остварија средба со земјоделците од село Стајковци. Се дискутираше за потребата од изградба на современ дистрибутивно-откупен центар, за мерките и програмите на МЗШВ, за навремената исплата на субвенциите како и за правилното третирање на биолошкиот отпад од нивите и отпадот од најлони и фолии кои се користат при одгледувањето на градинарските култури.

Секојдневно, директно од терен ги следиме барањата, предлозите, идеите и очекувањата на земјоделците, со една заедничка цел преку обостран аналитичен пристап да изградиме стабилно земјоделство, велат од МЗШВ.