Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска преку својот Фејсбук профил ја објави веста дека после двата негативни теста на ковид-19, повторно им се враќа на редовните работни обврски, по повеќе од две недели во домашна самоизолација.

Лукаревска на 1 јуни ја извести јавноста дека е позитивна на коронавирус, после остварена работна средба со својот колега Мухамед Зеќири, кој ден претходно ја обзнани веста дека тој и неговото семејство се заболени од коронавирус.