Директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на коронавирусот. Таа ова го објави на својот „Фејсбук“.

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен.Немам никакви симптоми и сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав во последно време беа со целосно почитување на мерките на заштита, со маска, дистанца и редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемиолозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена“, напиша Лукаревска.