Во рамки на официјалната посета на Министерството за внатрешни работи на Романија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна средба со државниот секретар – шеф на романската полиција, Богдан Деспеску. На средбата, меѓу другото, државниот секретар Деспеску изрази задоволство од досегашната соработка меѓу полициите на двете земји, која во последниов период бележи развојна линија.
Tasevski1Исто така, директорот Тасевски оствари работен состанок и со генералниот инспектор на романската жандармерија, Алин Јонел Мастан, на кој фокусот беше ставен на унапредување на заедничката соработка меѓу полициите од двете земји, особено во делот на отворање можности за заеднички тренинг и обука на полициските службеници. На крајот од работниот дел, двете страни уште еднаш се согласија дека заедничката соработката меѓу двете министерства е на високо ниво и претставува вистински пример како во пракса треба да соработуваат пријателски полициски служби, за што потврда претставува и соработката за ова Европско првенство во фудбал, каде што полициски службеници на двете министерства заеднички работат на терен.
Tasevski3По завршувањето на официјалните средби, директорот Тасевски се сретна и со македонскиот полициски тим, лоциран и ангажиран во Букурешт заради одржување на безбедността на ЕУРО 2020. Во текот на средбата, нашите полициски службеници го запознаа директорот Тасевски со мерките и активностите кои ги преземаат на терен и за тоа како се одвивива соработката со полициски тимови на другите земји, при што што ваквиот начин на меѓународна полициска соработка ја оценија како позитивна пракса.
Tasevski5При посетата на Букурешт, директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски го посети и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, при што оствари работна средба со генералниот директор на СЕЛЕК, Снежана Малеева. Во оваа прилика Малеева го информираше директорот Тасевски за активностите кои ги презема СЕЛЕК во своето работење, при што упати особена благодарност за поддршката и позитивната улога која ја има Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во работењето на СЕЛЕК, како на стратешко, така и на оперативно ниво.
Tasevski7На крајот на својата работната посета на Романија директорот Тасевски и главниот инспектор на романската жандармерија Мастан заеднички ќе го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Австрија.