Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска e во работна посета на општина Берово.
– Од овде од Берово, можам да кажам дека сточарите до крајот на оваа недела на своите сметки може да очекуваат 30% авансна основна субвенција за 2023 година. До почетокот на март пак, сите сточари во целост ќе ги добијат своите субвенции за 2023 година. Дополнително крајот од 2024 година, сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авансни 30% за оваа тековна година, порача Николовски од Берово.
– Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството, дециден е министерот.
Тој оствари средба и со Дарко Каранфиловски е кој е млад сточар.
– Приказните за младите успешни земјоделци секогаш ме инспирираат дека можеме уште повеќе РЕЗУЛТАТИ за сите земјоделци. Дарко Каранфиловски е сточар, и има јасна визија и цел за модернизација и олеснување на својата работа. Одгледува 30 крави, а од програмите што како министерство ги нудиме има набавено трактор, и приклучна механизација, порача Николовски.