Замрзнатите цени на продуктите ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

„Денеска со секторот за трговија ќе го имаме финалниот состанок и согласно податоците кои ги видовме, ќе продолжи мерката најмалку за еден месец, бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година. Во јануари ќе важат мерките за гарантирана цена и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари“ посочи Бектеши, додавајќи дека за ова утре ќе се расправа на утрешната седница на Владата.

Според Бектеши новиот закон, кој ги регулира односите помеѓу произведувачите, дистрибутиерите и продавачите ќе влијае на намалување на цените, така што нема да има потреба понатаму да трае мерката со замрзнати цени.

Бектеши дека реча станува збор за законско решение со европско знаменце, поради што ќе треба добро да се прилагоди, додека за самото изгласување нема да бидат потребни повеќе од два дена.