Откако Гордана Николиќ, докторкaта од Куманово, која е позитивна на корона вирусот, пред два дена се огласи на својот ФБ профил, деновиве сподели зборови на благодарност до сите кои се грижат за нејзиното здравје.

„Фала на сите…фала на сви. Со целата ваша љубав што ми ја пративте и подршка во пораки, (не можам да одговорам на сите, милион се) …јас чувствувам обврска да се изборам против овој наномикронски монструм. Значи денот поминува со главоболка и лесно поткашлување. Се извинувам што не можам сo сите да зборувам на мобилен, не ми замерувaјте, треба да се одморам. Богата сум што ве имам.“ – напиша Николиќ.

„Лабораториските наоди ми се добри , бурек осмина изедов, малку ми е тешко од него, ама сега дупла доза кафе и дупла доза инает за да биде се во ред и понатаму! И се враќам на супа, овошје и зеленчуци, суплементи. П.С…..многу е тешко да си пациент, отсекогаш сум велела и сум имала емпатија кон пациентите. Добар збор и малку повеќе внимание на сите им треба…..Фала ви на сите што пишувате и се јавувате, пропуштам да одговорам на повици, не постигнувам, морам и да се одмарам. Инаку стронциум не ми провериле…“ – објави докторката.