СООПШТЕНИЕ ОД ДОМ:

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Законот за урбанистичко планирање, кој беше синоќа едногласно изгласан во македонското собрание. Тој е заеднички производ на осуммесечна работа и усогласување помеѓу пратениците во работната група на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставниците од Министерството за транспорт и врски. Заслуга за продуктивната и аргументирана дискусија имаат сите учесници во овој процес, вклучително и министерот и претседателката на комисијата.

Изразуваме посебна благодарност до сите граѓански активисти и експерти од областа на урбанизмот за споделената грижа и знаење за подобро уредување и хуманизирање на јавниот простор. Тие ни помогнаа со своите предлози и сугестии да ги формулираме нашите амандмани, вкупно 60 на број. Тие беа исто така учесници во формулирањето на овој законски текст, преку учеството во собраниската јавна расправа и пишаните забелешки, кои пратениците ги преточија во амандмани.

Зелената партија ДОМ за првпат застана зад закон за урбанистичко планирање, затоа што овојпат беа прифатени практично сите клучни амандмани, со што јавниот интерес и здравјето на граѓаните се стави пред профитот на поединците. Конкретно, во законот е вградено следново: дефиниција за јавниот интерес како приоритетен; заштита на зелените површини според Законот за урбано зеленило; мерки за заштита од климатски промени; задолжителни јавни расправи за сите плански опфати, покрај стручни расправи и јавни презентации; продолжени рокови за информирање, расправи и забелешки од 30 до 90 дена; носење нов Правилник за урбанистичко планирање со јавна постапка; јавни објави на сета документација во различни медиуми; задолжително граѓанско партиципативно тело; стратешка оценка на влијание според Законот за заштита на животната средина; третман на заштитените подрачја според Законот за природа; дефинирана постапка за урбанистичките проекти од државно значење поврзана со јавни расправи и почитување на мислењето и волјата на локалното население; заштита на природното и културно наследство; задолжителна вело мобилност; забрана за скратени постапки.

ДОМ за првпат застана зад закон за урбанистичко планирање, затоа што овојпат беа прифатени практично сите клучни амандмани, со што јавниот интерес и здравјето на граѓаните се стави пред профитот на поединците. Конкретно, во законот е вградено следново: дефиниција за јавниот интерес како приоритетен; заштита на зелените површини според Законот за урбано зеленило; мерки за заштита од климатски промени; задолжителни јавни расправи за сите плански опфати, покрај стручни расправи и јавни презентации; продолжени рокови за информирање, расправи и забелешки од 30 до 90 дена; носење нов Правилник за урбанистичко планирање со јавна постапка; јавни објави на сета документација во различни медиуми; задолжително граѓанско партиципативно тело; стратешка оценка на влијание според Законот за заштита на животната средина; третман на заштитените подрачја според Законот за природа; дефинирана постапка за урбанистичките проекти од државно значење поврзана со јавни расправи и почитување на мислењето и волјата на локалното население; заштита на природното и културно наследство; задолжителна вело мобилност; забрана за скратени постапки.