Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите. ДОМ ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство и бара насилниците најстрого да се санкционираат.

Истовремено апелираме до граѓаните и медиумите да не го споделуваат видеото, за да се спречи дополнителната виктимизација и стигматизација на девојката, жртва на родово базирано насилство.

Во време кога поради корона пандемијата е неопходно да останеме дома, за голем број жени домот не е безбедна средина. Апелираме до МВР и Министерството за труд и социјална политика да ги превземат сите неопходни мерки за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство.