Владата на денешната седница ја усвои информацијата за поднесување на ВБИФ Апликација за инвестициски грант за изградба на Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка како дел од Коридорот 8, преку која се обезбедуваат дополнителни 43,2 милиони евра, средства за целосно завршување на овој значаен капитален проект, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Македонскиот исток забрзано се развива, градиме нова модерна и безбедна инфраструктура за нашите граѓани, поврзувајќи ги со побрзи сообраќајници градовите и селата од истокот, порача Николовски.