Согласно информациите објавени на порталот А1 он, на Инфективната клиника во Скопје почина познатиот водител и музичар Драган Вучиќ.
Според истиот извор на Вучиќ му бил дијагностициран коронавирус, по што дошло до влошување на неговата здравствена состојба и бил ставен на респираторна поддршка, но за жал ја изгубил битката со Ковид-19.
Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје, а работеше како композитор, водител и пејач.