Вистинска драма се случувала синоќа на ул . Димо Хаџи Димов во Скопје каде во куќата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода Н.И. се славело со пукање од пиштол. Кога почнало пукањето, соседите се исплашиле и веднаш пријавиле во полиција.

Од МВР потврдуваат дека било пријавено пукање и велат дека работат на расчистување на случајот
„На 19.12.2021 г. во 23,10 ч. во СВР Скопје од страна на сосед било пријавено дека во куќа на ул.Димо Хаџи Димов во Скопје, кај Н.И. (27), во која се одржувало семејна веселба, машко лице пукало со пиштол во воздух. Полициски службеници излегле на лице место и во дворот на куќата пронајдени се две чаури, кои се подигнати за вештачење и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Извор: Центар.мк