Караванот на Државната изборна комисија, како дел од кампањата „Ти си на ред“, започна на 18.04.2024 и досега посети различни општини низ државата,  во сите изборни единици. Гласачите во Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје (општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар), се здобија со информативни и едукативни материјали во склоп на караванот, со цел едукација и правилна информираност за гласачките права на секој гласач на претстојните избори.

3 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Дополнителни места, коишто беа посетени беа и Старо Нагоричане, Тетово, Теарце, Пласница, вклучувајќи ја и крајната станица на караванот, Битола и Градско.

1 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024ДИК во склоп на самиот караван, преку споделениот едукативен материјал за гласачките права за претстојните избори, ги едуцираше граѓаните и за двата изборни циклуси. Од сите реализирани посети, голем број од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните информации, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија.

2 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Покрај врачените промотивни материјали, пораката „Ти си на ред“ допре до граѓаните и на поинаков начин, со инсталација во форма на семафор, каде свети „зеленото светло“ за секој гласач да го даде својот глас на претстојните избори.

5 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Воедно, сите љубители на смарт уреди, имаа можност и преку QR код да ја скенираат семафор-поставката за време на караванот и да се информираат дополнително за своите гласачки права онлајн, на официјалната веб страница на www.sec.mk.
На 08.05.2024, секој гласач е на ред да ја искористи својата можност тајно и слободно да го даде својот глас, преку заокружување на редниот број на гласачкото ливче.

7 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Државната изборна комисија преку едукативната и информативна кампања – „Ти си на ред“, упатува апел кон сите гласачи дека нивните лични гласачки права се загарантирани.

9 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Вториот круг на Претседателските избори ќе се одржат во ист ден со Парламентарните избори, на 08.05.2024 година.
И за Претседателските и Парламентарните избори, Програмата за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија, спроведена од  Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, (International Foundation for Electoral Systems – IFES)  ја поддржува кампањата на Државната изборна комисија „Ти си на ред“, со цел едукативните и информативните материјали да стигнат поблиску до населението од руралните средини, како и до маргинализираните групи.

10 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024Доколку сѐ уште не го направиле тоа, гласачите имаат можност да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк: https://www.izbirackispisok.gov.mk/.

12 - Караван „Ти си на ред“ ДИК 2024