Минатата година извозот на оризот во земјва надмина 7.5 милиони евра, за разлика од 2016 година кога извозот беше само 3.4 милиони евра.
Просечната извозна цена во 2023 година е 0.94 евра по килограм, за разлика од 2016 година кога е 0.48 евра по килограм.
– Оризот го издигнавме во листата на стратешките култури важни за државата и за 300% ги зголемивме субвенциите за оризопроизводителите, велат надлежните од МЗШВ.

419039410_949958669831303_1396487889108728894_n
Како министерство заедно со оризопроизводителите направивме многу изминативе години.
✅300 % се зголемени субвенциите за ориз, 25.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.
✅Оризопроизводителите како и сите други авансно ги добија своите субвенции.
✅И оваа година бележиме висока откупна цена на оризовата арпа од 38 до 40 денари по килограм.
✅Македонскиот ориз како важна култура го заштитивме од увоз, со предвидена 35% заштитна царина.
✅Даваме поддршка во трошоците за амбалажа за извезен ориз.
✅Од оваа година како што ветивме 100% поддршка зелена нафта, а оризопроизводителите ќе добијат 3.200 денари по хектар.
✅ Поддршка за набавка на комбајни и сушари.
✅Извозот на ориз за 2023 е над 7 милиони евра, за разлика од 2016 година кога е 3 милиони евра.
✅Го вративме земјоделското земјиште во владение на Институтот за ориз, и е обезбеден соодветен кадар, со што продолжи професионално со својата истражувачка дејност.
– Дали можеме повеќе? Да можеме, и да мораме. Можеме заедно уште повеќе да го развиваме македонското земјоделство, вели ресорниот министер Љупчо Николовски.