Земјотрес ја стресе Македонија, на 11 километри од Берово и е регистриран во 16:28 часот вчера попладне.
Магнитудата според првичните информации е 3,3 степени според Рихтеровата скала, а е на длабочина од 12,4 километри.
Земјотресот е во источниот дел на земјава.
По овој, регистриран е уште еден послаб, со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала. Вториот земјотрес е регистриран две минути по првиот.