Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 20 новозаболени лица од Ковид-19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Денеска има и осум оздравени пациенти.

– Поголем дел од новозаболените веќе имале контакти со претходно потврдени случаи, но и има и новозаболени, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот.

Од почетокот на пандемијата, дијагностицирани на Ковид-19 во Центарот за јавно здравје Куманово се 987 пациенти, од кои во моментов активни се 282.