СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (48) од Скопје и Ј.Ј.(22) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.05.2024 на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.