На 07.05.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле Б.К.(57) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „волво“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Во друг случај, исто така вчера во 23.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го привеле А.Д.(38) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународнита зелени карти за осигурување на товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.